Blaue Hintergrundillustration

Reading

Доживеј ја литературата

Редица литературни читања со писатели ќе се одржат во наредниот период. Писателите самите избраа омилено место, кое е невообичаено за литературни читања. Таму ги читаат извадоците од нивните омилени книги напишани од автори кои творат на германски јазик и снимаат видео со своето литературно читање. Публиката може да го проследи видеото преку Фејсбук како настан во живо и да постави прашања на писателот или писателката.
Првото од редицата литературни читања е со Елена Конеска Светиева. Ова литературно читање се одржа на 30.09.2020 и директно се пренесува преку фејсбук-страната на Гете-институт Скопје.
Елена Конеска Светиева читаше од својата омилена книга *Жена, стан, роман* од Вилхелм Генацино, која е преведена од неа самата на македонски јазик.
Разговорот го модерираше Маријана Јанческа. Разговорот се водеше на англиски јазик.

To overview