Blaue Hintergrundillustration

Discussion

ФФФ средба со Милчо Манчевски (22 мај 2020)

Средба на Филозофскиот Филмски Фестивал со најпознатиот македонски режисер Милчо Манчевски по ревијалното прикажување на ЧЕТВРТОК (2013) и разговор за кратките и експериментални филмови од студентските денови, но и структуралистичките елементи во неговите играни филмови.

МИЛЧО МАНЧЕВСКИ e режисер и сценарист на играните филмови ВРБА (2019), БИКИНИ МУН (2017), МАЈКИ (2010), СЕНКИ (2007), ПРАШИНА (2001), ПРЕД ДОЖДОТ (1994) и над 50 кратки форми, вклучувајќи ги и наградените КРАЈОТ НА ВРЕМЕТО (2017), ЧЕТВРТОК (2013), 1,73 (1984). Досега одржал три самостојни изложби на фотографии, објавил прозни дела, книги со фотографии и извел повеќе уметнички перформанси. ПРЕД ДОЖДОТ освои номинација за Оскар и триесет награди, меѓу кои и Златен лав за најдобар филм во Венеција. Њујорк Тајмс го вклучи филмот на својата листа на најдобрите 1.000 филмови досега снимени…


Погледни го ЧЕТВРТОК: https://vimeo.com/182772599

Толпа од луѓе се движи по вжештениот бетон, кон стаклените кули и во устите на подземните железници, со очи залепени на малите екрани. Жедни ги апсорбираат сликите кои надоаѓаат од секој крај на планетата, несвесни за животот пред сопствените очи...

To overview