Blaue Hintergrundillustration

Lecture

Маша Огризек: Госпоѓата со шешир во Скопје и Тетово

ЖИВОТОТ Е ПИКНИК! ... Ако имаш храброст, покриј се со покривка поради него - (Само)Претставување на авторката за детска и младинска литература Маша Огризек
Писателката за деца и млади Маша Огризек (Словенија), дипломирала на Катедрата за филозофија со социологија на културата (Универзитет Љубљана); на своето предавање ќе си ги постави следниве, бројни прашања: како тоа во нејзините книги за деца многу често настапуваат постари луѓе; зошто сака шешири и куфери; како се пишува сценарио за „нем‘‘ стрип; зошто некои приказни полесно ги раскажуваш со животни во главните улоги; дали смртта е дел од „Убавата приказна‘‘; дали постојат книги близначки; зошто Маша ги сака љубопитноста и радоста; како хуморот ја ублажува вистината, и не ја загушува. Авторката ќе раскажува со проекции на илустрации од нејзините книги.

To overview