Blaue Hintergrundillustration

Discussion

Вебинар „Ковид-19 и филмскиот сектор во земјата“ (мај 2020)

Филозофскиот Филмски Фестивал го одржа првиот вебинар кој се обиде да отвори дијалог, да понуди простор за размена на идеи и искуства и да отвори перспективи за солидарни соработки во земјата за време на ковид кризата. Откажување, одложување или онлајн фестивали? Како домашните и европските институции одговорија на ковид кризата? Ограничувањата како потенцијал за креативноста? „Новата нормала“ и реосмислувањето на филмската индустрија? Како сакаме да го замислиме филмскиот сектор во иднина? – се дел од прашањата на кои дискутиравме со нашите гости: Анита Стојческа (Агенција за филм), Игор Иванов (режисер, ДФРМ / Манаки), Бистра Георгиева (МЕДИА Деск МК), Владимир Љ. Ангелов (Кинотека), Русе Арсов (МКЦ / Cinedays), Саша Станишиќ (Катавеј / Cinesquare), Стефан Палитов (режисер), Атанас Георгиев (режисер / продуцент), Татјана Јаневска (Скопски Филмски Фестивал) и Дарко Набаков (МакеДокс).

To overview